Цивил ја објави публикацијата „Слободни избори“: Услов за кој не се преговара“

0
1208

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја објави публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“.

Ви го пренесуваме освртот кон публикацијата на Синиша Станковиќ, уредник на ЦИВИЛ Медиа:

Публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“ во издание на ЦИВИЛ – Центар за слобода е специјално тријазично издание на македонски, албански и англиски јазик за едногодишната напорна работа на проектниот тим, известувачите и набљудувачите од теренот на ЦИВИЛ, како и на врвни експерти од Македонија, Хрватска и САД, сублимирани во 180 страници извештаи и анализи, за стотиците активности кои беа составен дел на проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ (Free Elections for Free Citizens”), спроведен во периодот јуни 2015 – јуни 2016.

Иако слободните избори се дел од секојдневието на граѓан(к)ите во цивилизираните држави, грдата слика на македонската политичка сцена и десетгодишното безаконие кое прерасна во тотален колапс на правната држава и на хоророт од киднапираните институции на централно и на локално ниво (како од ВМРО-ДПМНЕ, така, со поделбата на колачот, и од нивниот тендер-партнер и послушник – ДУИ) и се заканува да ја турне Македонија во безумие кое ќе го загрози и нејзиниот опстанок како држава, неминовно бараше од цивилниот сектор, дијагностицирање на состојбите и обид да се пронајдат, посочат на јавноста и правилно употребат „лутите иљачи за лутите рани“. Македонија е инфицирана држава на која и е неопходно долготрајно про-демократско лекување и мачна , но неминовна детоксикација на цела деценија труената јавност од диригираните медиуми и предавниците на новинарската професија, така што, ЦИВИЛ се зафати со неблагодарната задача, да даде свој придонес во ослободувањето на македонското клиентелистичко и масимално партизирано општество и на вџашените од страв, граѓанки и граѓани, преку мултидисциплинарен пристап во создавањето клима за овозможување на слободни, фер и демократски избори во кои ќе се почитува волјата на граѓаните.

Во текот на проектот, во ЦИВИЛ пристигнаа над сто извештаи од долгорочните набљудувачи, над 300 пријави и пораки од граѓан(к)и, преку електронска пошта, социјалните мрежи или преку он-лајн формуларот за пријави на кршење на гласачкото право или на други злоупотреби, а над 600 граѓани во директна комуникација со тимот на ЦИВИЛ, посочија пример на директен притисок и дискриминација врз основ на политикка афилијација! Проектот и публикацијата, преставуваат разобличување на лагите и соголување „до коска“ на во барок маскираната недемократска власт, која бескрупулозно ги користи сите средства да ја злоупотребува власта и моќта стекнати на наместени избори, безмилосно да ги арчи парите на граѓаните, загрозувајќи ја иднината на следните поколенија, и сурово да се пресметува со сите инакумислечки, создавајќи непријатели, предавници и шпиони во сите сфери на општеството, за да се дефокусира јавноста од стромглавувањето на Македонија на политички, меѓуетнички и економски план.

Анализите и извештаите на стручњаците од експертскиот тим на ЦИВИЛ од Македонија – д-р Сашо Орданоски, Сандра Гавриловска, Џабир Дерала, Горан Наумовски, Петрит Сарачини, од Хрватска – Александра Јозиќ–Илековиќ и Драган Зелиќ (ГОНГ), и специјалната советничка од САД Хедер Роберсон Гастон се засновани на стотиците страници материјали изработени од проектниот тим, соработниците, набљудувачките тимови, во кои секојдневно, посветено и самопрегорно, активно работеа педесеттина членови, како и на текстовите, фотографиите и на преку 150-те продуцирани видео-материјали (интервјуа, изјави на релеванти соговорници, анкети со граѓани, репортажи, прилози,,,) на ЦИВИЛ Медиа од лице место, на терн, ширум Македонија.

Како посебен прилог на тријазичната публикација е подготвено и ДВД на кое се покестениелод содржините кои го обележаа проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ кои предзвикаа заначителен интерес на македонската и на пошироката јавност, на странските дипломати и на домашните и странски организации за заштита на човекови права ислободи.

Публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“ е тажна приказна за дереџето до кое кутрата Македонија ја дотурка актуелниот режим на Никола Груевски и Фамилијата. Но, не убивајте го гласникот! ЦИВИЛ – Центар за слобода само ја прикажа во вистинска светлина македонската реалност, соголувајќи ги напластените лаги, низ бројни примери, чии директни извори се онеправданите граѓан(к)и. Публикацијата е неизбежна лектира за сите оние кои се уште веруваат дека Македонија може да се врати на вистинскиот пат и дека следните генерации кои ќе (пре)останат да живеат во неа, ќе ја вратат гордоста и нема да се срамат од она што (им) се случува ишто ги опкружува