ЦЕНТРАЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ГО СТАВИЈА НА БРИШАН ПРОСТОР ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ, ПРОТИВНИКОТ ЗА ПОРАСТ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОГО НЕГОВАТА МАТИЧНА ПАРТИЈА ИЗЈАВИ ДЕКА СТАВОТ ОКОЛУ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА Е НЕГОВ ЛИЧЕН СТАВ НО НЕ И НА ОПОЗИЦИСКАТА ПАРТИЈА

0
803

„Ставот на г-динот Трајко Славески е негов личен став. Исто како што постојат бројни ставови на експерти про и контра растот на минималната плата“, соопшти денеска партијата откако вчера членот на ИК проф. д-р Трајко Славески изјави дека барањата на ССМ за минимална плата од 18.000 денари се нереални, и отворено застана на страната на Организацијата на работодавачи, аргументирајќи дека ваквото зголемување на платите би било оптоварување за компаниите и може да доведе до затворање на бизниси.

„ВМРО-ДПМНЕ принципиелно е за раст на платите во Македонија, вклучително и на минималната плата. Но суштинското прашање кое треба да се постави е дали владата со ова ќе постигне нивелирање на сите останати плати во државата? Сите работници имаат право да го остварат тоа, бидејќи инфлацијата која власта не успеа да ја сопре навреме ги засега сите граѓани. Доколку власта навистина искрено сака да постигне пропорционално нивелирање на платите во сите сектори, тогаш тоа може да го направи со платите во образованието согласно градацијата во колективниот договор. Тоа Владата може да го направи, бидејќи тоа е директно нејзина ингеренција“, реагираат од најголемата опозициска партија.

Денеска синдикатите, работодавачите и Владата во 16 часот имаат нова средба на која повторно ќе се разговара за барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Сојузот на синдикати со цел да ја искаже својата сериозна намера дека не отстапува од барањето, денеска излезе на предупредувачки протест во периодот од 13:30 до 14:30 го запре сообраќајот на улицата „Димитрие Чуповски“.

Според пресметките на ССМ, понудената минимална плата во нето износ од 16.164 денари што за нив е неприфатливо ако се знае дека минималната синдикална кошничка изнесува 35.040 денари.