Центарњуз: Врие во ДУИ – Тепачка во седиштето, настрадал и Ахмети со стаклена пепељара во седиштето во Мала Речица!

0
1405

На последниот состанок на ДУИ во Мала Речица кој се одржал деновиве, настанала вистинска драма, информира порталот Центарњуз повикувајќи се на внатепартиски извори.

dui-460x272

-Имено, членот на централното претседателство на ДУИ, Хазби Лика, заедно со Рафиз Алити и Зулфи Адили, на состанокот влегле во жестока расправија со подржувачите на Ахмети.
Тие започнале расправија со Муса Џафери за работата на одредени функционери на ДУИ кои работеле за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, потоа за нефункционирањето на партијата одвнатре, како се одржуваат и организираат внатрепартиските избори и како не се зема в предвид мислењето на членовите на ДУИ.
Жестоката караница прераснала во тепачка при што настрадал и претседателот на ДУИ, Али Ахмети кога Лика фрлил со стаклен пепелник кон него.
Хазби Лика во април годинава поднесе оставка од функцијата – организационен секретар на ДУИ – пишува порталот.

ДУИ се уште нема официјален став во однос на информацијата,