ЦЕЛ СВЕТ ИМ СЕ СМЕЕ : БУГАРИТЕ СЕ ДАР ОД БОГА СОЗДАДЕНИ СО ОСМОЗА, ГИ КОМЕНТИРА ГЕРМАНСКИ ФАЦ БАРАЊАТА НА СОФИЈА ОД МАКЕДОНИЈА

0
1921

Историчарите во Софија се слуги на државата, констатира германскиот весник ФАЦ – Борисов и Заев на 20 јуни 2017 пред споменикот на Цар Самоил во Софија пред потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство – (архивска фотографија)

Историскиот спор кој Бугарија ѝ го наметнува на Македонија како услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ е повод за коментар на германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) за тоа како читањето и толкувањето на историјата на Балканот стана пречка една земја да ѝ се придружи на Европската унија.

Македонската редакција на Дојче Веле објавува делови од подолгата анализа на весникот кој констатира дека Бугарија атакува на јазикот и идентитетот на Македонците, поставувајќи ги како услов за ЕУ.

„Софија ќе ја повлече заканата за вето само доколку Македонците се подготвени да го преземат бугарскиот историски наратив: притоа, македонската е една „вештачка нација“- наспроти бугарската, која во Софија веројатно ја сметаат за дар од Бога, падната од небото или создадена преку осмоза“, пишува ФАЦ.

Весникот потсетува дека за да ја појасни својата позиција во ЕУ, бугарската влада испрати Меморандум за кој вели дека е „создаден од нејзините куќни и дворски историчари, кој во некои делови е ненамерно комичен“.

Во него се вели: „Македонски јазик или таков народ до 2 август 1944 година не постоеле“. Каков неверојатен заклучок: Се до 1 август 1944 година немало ни македонски народ, ниту македонски јазик, но веќе следниот ден одеднаш обете стапнале на бината на историјата.

Она што еснафот верни на владата историчари со тоа сакаат да го кажат е дека југословенските комунисти од 1944 година систематски промовирале рудиментарен пристап за независен македонски идентитет, односно изградба на нација. И доколку тоа Скопје не го прифати, како што гласи суштината на позицијата на Софија, тогаш мора да си бара некое чаре- ама во ЕУ нема да влезе“, пишува ФАЦ.

Сепак, авторот на анализата пишува дека ваквите ставови на официјалната бугарска политика и историографија наишле на отпор и во самата земјата, и потсетува на писмото на 40 бугарски интелектуалци- историчари, лингвисти, писатели и други социјални научници кои остро ја критикувале историската политика на нивната влада.

„Во нивната Прокламација, академиците ја критикуваат ’доминацијата на една застарена, романтизирана и митолошка бугарска историографија’ во Бугарија, која, во некои делови е дури и смешна.

’Не мислиме дека процесот на создавање на македонската нација, од сите нејзини аспекти, во основа се разликува од било која друга нација’, пишуваат тие и им порачуваат на бугарските власти да не се чудат зошто Европа не ги разбира.“

„Писмото на интелектуалците е значајно бидејќи отворено го напаѓа сојузот меѓу националистичките историчари со владата, нешто што може да се најде во различни форми во сите балкански држави. Во историските истражувања на Балканот, практично има две спротивставени групи: Едната бара меѓународно признание, а втората им служи на закоравените национални стереотипи, а како награда добива државни ресурси и ја контролира нивната распределба. Оттука, историчарите со институционална моќ во балканските држави не секогаш се и најдобрите од нивниот фах. Тие не сметаат дека имаат обврска кон независно истражување, туку ја дефинираат својата улога како слуги на народот и државата“, пишува ФАЦ.