Целото ова градче сега е на продажба за “скромни” 8.4 милиони долари

0
1311
Целото градче Таралија на австралискиот остров Тасманија е ставено на продажба за 11 милиони австралиски долари (8.4 милиони американски долари).

Градот, сместен во централниот планински дел на Тасманија, е изграден во 1930 година претежно за мигрантите од Европа, работници во тогашната „Ходро Електрик Комишн“, сегашна „Хидро Тасманија“, кои граделе брана за тамошната хидроцентрала, пренесува ABC News.

02

Таралиа, која некогаш била дом за илјадници работници, претежно била напуштена во 1990-тите години, бидејќи работниците си заминале откако хидроцентралата била автоматизирана.

Населбата која се протега на 145 хектари, има 33 куќи изградени во арт-деко стил, има театар, училиште и црква, кои по заминувањето на жителите останале напуштени, а сегашниот сопственик Џулијан Хомер, потрошил 13 години на обнова на сите објекти и одлучил сега да го продаде градчето.

03

Пристигаат првите понуди

Агентот за недвижнини Џон Блеклоу вели дека ова место веќе привлекло потенцијални купци, дури и од странство, со оглед на тоа што од минатиот четврток кога продажбата била огласена на интернет, веќе добиле 30 – 40 понуди.

04

Според неговите зборови, новиот сопственик на градот ќе го превземе и одмаралиштето со пет ѕвездички, кое годишно носи приход од околу 2 милиони австралиски долари, како и барот, кафулето, 35 грла планински говеда и уреденото место кај браната за лов на пастрмки.

Блеклоу додава дека градот се продава како целина, а дека новиот сопственик подоцна ќе може да продава објекти или земјиште, одвоено.

05