ЦЕЛА ЕВРОПА СО ВПЕРЕЧНИ ОЧИ КОН НИВ: Во Скопје утре и задутре десетта средба на Македонско-бугарската комисија

0
677

По долга пауза комисијата за решавање на историските спорови меѓу Македонија и Бугарија утре и задутре ќе одржи состаноци во Скопје во Клубот на пратеници. Предвидено е да се заврши со веќе започнатата дискусија во однос на усогласување на препораки за учебниците по историја за 7 одделение во Македонија.

По долга пауза како последица на пандемијата на ковид-19, на 15 и 16 октомври во Скопје ќе се одржи десеттата средба на комисијата. На средбата ќе бидат разгледувани прашања и теми во контекст на надминување на историографските спорови кои претставуваат пречка во градењето на добрите односи и пријателство помеѓу двата народа и двете држави, велат од македонскиот тим на комисијата, пренесе МИА.

По завршувањето на средбата в петок на 16 октомври во 17:45 часот во Клубот на пратеници е предвидена заедничка изјава за медиумите на двајцата копретседатели на Комисијата, Драги Ѓоргиев од македонка страна и Ангел Димитров од бугарска страна.

Утрешната средба на комисијата е прва годинава, иако тие во јуни одржаа виртуелен состанок, а на него се дискутираше за содржината на записникот од деветтата средба.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која треба да се произнесе за заедничко одбележување личности и настани од заедничката историја и да помогне во надминување на различните толкувања досега успеа да постигне одреден напредок во однос на античкиот период и средниот век, но не и согласност околу прашањето за Гоце Делчев.

Досега, за период од две години комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности од значење за историјата и културата на македонскиот и бугарскиот народ, но и за другите народи на Балканот и во Европа – свети Кирил и Методиј, свети Климент, свети Наум и цар Самуил.

Усвоени за препораки и за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во земјава и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото, како и препораки за подобрување на учебниците за 6 клас/7 одделение.

Се потврдија проценките и од двете страни дека најмакотрпен период за разгледување ќе бидат токму настаните и личностите од 19 и почетокот на 20 век, периодот на појавата на културни, духовни и политички движења, кои се јавуваат на територијата на земјава, каде што има сериозни разидувања во двете историографии.