ЦАРОВСКА ПРЕКУ ,,ГЛАСОТ НА АМЕРИКА” ИМ ДЕЛИ ЛЕКЦИИ НА АМЕРИКАНЦИТЕ ПО СОЦИЈАЛНА ПРАВДА : Најголема реформа е што вложивме во децата, воведување на детски и образовен додаток, за да може идната генерација од најпогодените семејства да не биде повеќе во сиромаштија!

0
1204

Во рамки на нејзината работна посета во Соединетите Американски Држави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска даде интервју за медиумот „Гласот на Америка“.

Царовска истакна дека повеќе од 120.000 граѓани ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа, затоа што во семејните буџети имаат повеќе финансиски средства.

„Најголема реформа е што вложивме во децата, воведување на детски и образовен додаток, за да може идната генерација од најпогодените семејства да не биде повеќе во сиромаштија, туку, да може да излезе и да се бори на пазарот на труд“, вели Царовска во интервјуто.

Реформата во системот за социјална заштита има трансформативна улога на целото општество. За првпат оние што се најранливи, сиромашните, приматели на социјална парична помош држава не ги гледа како случаи коишто треба да останат на маргините, туку како потенцијал на општеството којшто треба да биде вклучен, во економскиот раст и развој на државата.

Целото интервју на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ќе може да го погледнете ОВДЕ