Царовска на Алсат: Воведовме младинска гаранција и младински додаток, можеме уште повеќе и уште подобро за младите

0
1070
Потпретседателката на СДСМ, Мила Царвоска во гостувањето на телевизија Алсат ги објасни владините мерки за подобрување на статусот на младите и нивно спречување да заминат од државата, но направи и компарација како ВМРО ДПМНЕ цела деценија не обрнала внимание на младите генереции и со тоа го подгревала иселувањето во странство.
„Иселувањето стана проблем во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Сите меѓународни институции укажуваат дека половина милион од нашето население се иселува токму во тие 10 години  кога владее ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме зборуваме за денес како ВМРО-ДПМНЕ ќе имало визија некогаш, а при тоа само пред три години имале можност својата визија и да ја прикажат и чесно да ја реализираат, а видовме дека криминално ја реализирале и немале визија туку единствено се занимавале со личните профити и добивки. Го видовме и со Кинезите, го видовме и низ многу разговори и да не зборуваме…“- изјави Царовска.
Во однос на владините мерки со кои во континуитет се подобрува животниот стандард на младите, но им се отвораат и нови работни места, таа наведе дека сите започнати проекти покжауваат солидни резултати и дека и во новиот мандат СДСМ ќе води постојана грижа на младите.
„Јас ќе зборувам за тоа дека преку МТСП сме вовеле младинска гаранција со којашто лани биле опфатени 20 илјади млади лица, сме ја вратиле нивната доверба во Агенција за вработување којашто ВМРО ДПМНЕ ја уништи, од нив 6.000 се вработиле и имаме драстичен пад на младинската невработеност од рекордни 43% во нивно време, на 35% во наше време. Воведовме младински додаток се со цел  младите да немаат интерес да работат во јавен сектор.
Младинскиот додаток се дава за млади вработени до 23 години во производство и во земјоделство. И ова укажува дека навистина ги насочуваме младите во текот на средното образование, а по средното да може да си се вклучат на вакви работни места и да видат  дека и работата во фабрика и работата во производство е достоинствена работа и работа којашто може да ве поддржи во текот на животот.“- заклучи Царовска на Алсат.