Царовска во Центар: Го вративме достоинството на најранливите категории

0
819

Покажавме дека се грижиме за лицата со попреченост. Не само декларативно да се купат за избори туку го променивме нивниот живот, животот на нивните родители, но и на променивме и општеството, начинот на којшто и ние и вие ги гледаме овие лица и децата, изјави носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 од коалицијата „Можеме“ Мила Царовска вечерва на мини трибина во центарот на Скопје/.

– Направивме трансформација и тоа го правиме во секоја тема којашто ја дискуртираме во општеството. Ние зборуваме за темелни промени и тоа го можеме.Затоа што ние веруваме дека ние сме генерација којашто треба да ја донесат промента и со нашите постапки правиме праведна држава и праведно општетство – рече Царовска.

Таа додаде дека владата предводена од СДСМ ги зголеми платите, воведе три пати повисока социјална помош и ги зголемивме пензиите.

-Го вративме достоинството на граѓаните кои со години беа гледани како некој којшто треба да остане на маргините. Сега пред нас имаме уште поголем предизвик, уште поголема битка и борба, а тоа е да направиме правна држава којашто ќе го гарантира квалитетот на живот на сите. Ќе даде моќност за раст на реалниот сектор, на бизнис секторот. Во идната програма ветуваме зголемување на минималната плата до 40 проценти по ковид периодот, зголемување на просечната плата до 30 отсто – рече Царовска.

Како што рече, ќе има нова минимална пензија од 10.700 денари.