Царовска во Прилеп: 15.500 денари просечна пензија во 2020 година со престојното покачување од околу 900 денари

0
1061
Потпретседателката на СДСМ и  Министерка за труд и социјална политика Мила Царовска вечерва се сретна со пензионерите во Прилеп . Со пензионерите Царовска разговараше за престојното зголемување на пензиите од идниот месец за околу 700 денари но и за други актуелни прашања поврзани со повозрасната популација. Тема на разговор беше  и развојот на социјални услуги на локално ниво како што е нега за стари лица во домашни услови.
“Од идниот месец над 320 илјади пензионери ќе земат за 700 денари повисока пензија. Оваа сума ќе влезе во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари.
Дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме кога раст на економијата и раст на минималната плата за 15 % и за 5 проценти на просечната плата. Со ова Владата предводена од СДСМ покажа дека не прави ад хок зголемувања на пензиите пред избори, туку врз основа на законска рамка” рече Царовска.
Потпретседателката Царовска истакна дека Владата предводена од СДСМ за само една година од спроведувањето на пензиската реформа успеа да го стабилизира пензискиот систем и да го намали дефицитот во Фондот за ПИО за 3 милијарди денари, а приходите се зголемени за 10%.
“Навистина ми е драго што нашите политики даваат резултати. Вчера 11 месец по ред Фондот исплати пензии без позајмици” рече Царовска.
На почетокот на 2020 година просечната пензија со последното покачување во јануари ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија е зголемена за вкупно 1.746 денари. Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари.
На средбата присуствуваа и Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски и претседателот на прилепското Здружение на пензионери Славко Трајкоски.