Царовска: Апасиев покажува омраза кон жените кои се активни и гласни во политичкото делување

0
784

„Во постот на Апасиев со кој директно ја навредува другарката Радмила Шекеринска се гледа омраза кон жените воопшто, а уште појасно се гледа омразата кон жените кои се активни и гласни во политичкото делување“, пишува вицепремиерката Мила Царовска на својот Фејсбук профил, како реакција на постот на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во кој упатува навредливи зборови на адреса на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Тој со ова ја покажа својата „свежина“ што ја внесува на политичката сцена. Ова е она што најмалку му беше потребно на македонското Собрание.

Ние му порачуваме дека жени во политика кои се моќни има и ќе нѐ има уште повеќе. Политичари кои уште неседнати во фотељите покажаа агресија и недостоинство под секое ниво уште повеќе нѐ охрабруваат да дејствуваме заедно! Доаѓаме уште помоќни и уште повеќе…“, додава таа.