ХЈУСТОН – ИМАМЕ ПРОБЛЕМ! Сите опозициски портали хостирани на еден сервер во УНЕТ т.е УЛТРА – Вчера Груевци го хакнале серверот и 90 посто портали отидоа у курац!

0
2826

Фирмата УНЕТ која е дел од компанијата УЛТРА на брачниот пар Антони и Анета Пешев, ги уредува 90 посто од македонските опозициски портали плус Курир.

Тие имаат една голема машина т.е повеќејадрен сервер на Сан Микросистемс кој има голема компјутерска моќ, со таа своја силина е многу ефикасен и економичен, динамичко им дава ресурси на оние портали кои имаат поголема посета на сметка на другите и практично порталите имаат огромна моќ да поднесат голема посета, но проблемот е што ако цркне ќе отидат у курац 90 посто од порталите во исто време, а тоа на ден два пред извбори може да биде многу штетно за опозицијата.

Токму таква работа се случи вчера на самиот ден кога СЈО конечно и покажа на јавноста кој прислушкувал во Македонија.

Порталите Нова, Плусинфо, Либертас, МКД.МК, СДК, Фокус и уште некој вчера рокнаа, останаа само А1он, Мактел, Бриф, Доказм, Центарнјуз, Народен Глас и уште неколку кои се хостирани на други сервери во земјава и во странство.

На ова реагираше со фб пост уредникот на Нова, Биљана Секуловска – Ива:

ivaportali index

Ова е голем проблем и овие портали треба да направат напор да се преместат на други сервери.

Во Македонија доста портали покрај во УЛТРА се хостирани и на Неотел како на пример Офф Нет, до скоро таму беше и Мактел.мк, Мактел сега е хостиран во Сивус.

Друг провајдер на портали е и Макс Хостинг кој соработува со германски сервери. Знаеме дека А1он е хостиран на германски сервер.

Треба да се знае дека сопственикот на Ултра е многу близок на режимот, неразделни пријатели се со Срѓан Ќерим, едно од најголемите режимски копилиња овие 10 години!

Инаку овие хакерски напади се од два типа – ДОС напади и хакирање т.е упад во системот. Не знаеме кој тип на напад направиле Груевци, полесен е ДОС нападот кога серверот се преплавува со лажни посетители кои доаѓаат од силни сервери кои глумат посетители, па серверот кој е цел на напад буквално умира поради прегиолема посета. Со осглед на тоа што серверот на УЛТРА е многу моќен, овде збориме за сериозен напад од сериозни хакерски фирми кои имаат знаење и сила да предизвикаат ваков масовен ДОС напад.

Но ДПМНЕ се способни на вакво нешто, можно нападот да стигнал и од моќните компјутери и инженери во ДБК! Ако Сашо Мијалков дал наредба за тоа!

Но можно е и Антони Пешев за да се додвори на Груевци или ако е потплатен, сам да го извадил серверот од штекер!