Портпаролот на војската на јеменските Хути, Јахја Сари, изјави дека групата ја презела одговорноста за вчерашниот ракетен напад врз областа на израелскиот аеродром Бен Гурион, пренесе Танјуг. Во видео изјава, Сари го повтори своето предупредување до авиокомпаниите дека израелскиот аеродром во близина на Тел Авив „повеќе не е безбеден за воздушниот сообраќај“.
Висок функционер на Хутите, Мохамед ал-Бухаити, изјави за катарскиот ТВ канал Ал-Араби дека Хутите со овој напад ја покажале својата способност да напаѓаат чувствителни цели во Израел. По нападот на аеродромот, министерот за одбрана Израел Кац во кратката изјава рече дека Израел ќе „седумкратно удри“ против секој што ќе му наштети.