ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ СТОИ ПОЗАДИ БЛОКАДИТЕ НА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ, ВЕЛАТ ОД СДСМ

0
459

Владејачката СДСМ обвинува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски стои позади блокадите на приватните превизници. -Мицкоски исто како и Ленин Јовановски пред локалните избори ја промовираа и поддржуваа Данела Арсовска и од граѓаните бараа поддршка за неа. Арсовска победата со трубачи ја славеше во Белиот дворец, рамо до рамо со Мицкоски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, нагласуваат од СДСМ.

Владеjачката партија бара „Мицкоски да преземе мерки за прекин на блокадите, а не дрско да ги малтретира скопјани“. -Втор ден, Градот е целосно парализиран, илјадници граѓани не можат навремено да стигнат до своите работни места, до здравствените установи, до училиштата и факултетите, а потешкотии во движењето имаат и возилата на Итната медицинска помош и противпожарната бригада, потенцираат од партијата на Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ефектот од средбите Арсовска – Ковачевски е блокиран град, банкротирано ЈСП и сомнеж за провизии кои завршуваат во приватни џебови. -Во моментот директорите во град Скопје на СДС, ДУИ и Левица, заедно со Данела Арсовска владеат со хаосот во град Скопје“, се вели во соопштението.