Христијан Мицкоски во друштво на помилувани лица за кривични дела

0
2610

При секоја посета на претседателот на ДПМНЕ на Струга задолжително тој се среќава со лицето Наумче Ѓорѓиески претседател на месниот огранок на оваа партија во село Драслајца, дури и често престојува во неговиот дом (прилог слики) , нивното пријателство не го крие ни самиот Наумче кој наоколу зборува дека тој е најблискиот соработник и пријател на Христијан Мицкоски во Струга.

Сето ова можеби и би било нормално доколку не се работеше за лице помилувано во 1998 година (Службен весник бр.54 од 11 ноември 1998 г. http://www.slvesnik.com.mk/Issues/8D97949E486E4CFB9BCB7F31CB7B764A.pdf ) со “Одлука за помилување на осудено лице„ од страна на тогашниот претседател на Македонија Киро Глигоров.

Наумче Ѓорѓиески или познат како Ѓуро на јавноста и е познат како повеќе кратен извршител на кривични и прекршочни дела лице кое повеќе пати се судирало со лицето на правдата, последно на пошироката јавност и е познат по случајот со неговата фалсификувана диплома (https://emagazin.mk/so-falsifikuvana-diploma-za-sredno-obrazovanie-se-vrabotil-vo-ohridskiot-sud/) за завршено средно образование во Република Албанија случај кој се уште не добил крајна судска разрешница затоа што некој упорно се труди да го прикрие овој случај, а само треба да се изврши вештачење врз лицето Н.Ѓ колку го познава јазикот (албанскиот) на кој ги полагал испитите за да се стекне со оваа диплома? Оваа диплома ова лице ја искористило за вработување во Основен суд Охрид во 2014 година. Лице кое било осудено за кривично дело и поседува лажна диплома за стекнато образование, е во редовен работен однос во институција каде се дели правдата.

Од сите овие погоре изнесени факти се поставуваат прашањата:

Дали е ова новото лице на ДПМНЕ кое Христијан Мицкоски им го нуди на гласачите?,

Дали партијата и Христијан Мицкоски ќе се огради од ваквите девијантни лица ?

До кога ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе биде заштитиник на криминалот во своите редови?