Хоџа: Не е вистина дека тој трошок е на министерот, утре ќе ја кажам вистината

0
655

Не е вистина дека тој трошок е на министерот. Во текот на утрешниот ден ќе излезам со објава на точните податоци, вели министерот, Арјанит Хоџа во изјава за „Локално“, откако порталот Шќип медиа објави дека министерот за земјоделство од редовите на Движењето БЕСА, од септември, кога беше назначен на функцијата до 28 февруари годинава, односно само за 6 месеци, потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство.

Парите биле потрошени во бифето „Концепт БАР“, компанија за послужување кафе и храна што го доби тендерот од македонската влада, пишува порталот Шќип медиа.