Хојт Ји: Делумното повлекување на помилувањата дополнително ќе го зголеми чувството на неказнивост

0
913

Заменик помошникот државен секретар на САД Брајан Хојт Ји пред малку на прес-конференцијата пред американската амбасада порача дека неопходно политичките лидери да ја поправат штетата предизвикана од помилувањата, пренесува „Телма“.

-Тоа поправање на штетите треба да биде направено на јасен, сеопфатен и недвосмислен начин, и што е можно поитно.

Доколку лидерите ги поништат или повлечат помилувањата на само делумен или селективен начин, тоа само дополнително ќе го зголеми растечкото чувство на неказивност во државата и на недостатокот од одговорност, порача Хојт Ји.

Тој исто така подвлече дека одговорноста подразбира и целосна поддршка за сите институции задолжени за спроведување на владеењето на правото, вклучувајќи го и СЈО задолжено за расчистување на случаите кои произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори.