ХОРОР ВО ИРАН, ПОЛИЦИЈАТА ПУКАШЕ КОН ЖЕНИ ВО МЕТРОТО – ЛУЃЕТО БЕГАА КОН ИЗЛЕЗИТЕ НА СТАНИЦАТА

0
551

Полицајците биле снимени низ прозорците на возот како минуваат низ вагоните и тепаат жени со палки.

Полицајците биле снимени низ прозорците на возот како минуваат низ вагоните и тепаат жени со палки.

Јавниот превоз стана место на полициско насилство откако Махса Амини, 22-годишна Иранка со курдско потекло, почина на 16 септември во морален полициски притвор, откако беше уапсена поради кршење на иранскиот строг кодекс за облекување на жените.

Протестите во Иран се интензивираа вчера, бидејќи организаторите на протестот повикаа на тридневна акција во знак на сеќавање на „крвавиот ноември“ од 2019 година, кога стотици беа убиени за време на протестите против поскапувањата на горивото. Метро станиците и јавниот превоз, кои често се патролирани од морална полиција, станаа места на државно насилство и надзор над граѓаните.

На почетокот на септември, секретарот на иранскиот персонал за промовирање доблест и спречување на порокот, Мохамад Салех Хашеми Голпајегани, објави дека владата планира да користи технологија за препознавање лице за да ги таргетира жените фатени на безбедносните камери на јавниот транспорт.

Државата во моментов врши репресија против антивладините демонстранти, а досега пет лица поврзани со протестите се осудени на смрт.

САД и некои западни земји воведоа санкции за Иран и повикуваат на стоп за насилството кое владата го врши врз демонстрантите.