ХОРОР ВИДЕО ОД ПАДНАТИОТ АВИОН КАЈ СОЛУНСКА ГЛАВА

0
1598

„Вчера, околу 19 часот припадници на МВР го лоцираа авионот на локација на околу пет километри северозападно од Солунска глава“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

МВР денеска објави видео од остатоците од „цесната“ што се урна на непристапен терен и засега нема услови да се извлече.

Пилотот на авионот што вчера се урна во регионот на Солунска Глава, се соочил со лоши метеоролошки услови и 20-тина минути по полетувањето се обидел да се упати кон аеродромот во Скопје. Но, од засега неутврдени причини се урнал некаде по 16 часот.

Во авионот загина четиричлено семејство од Бугарија.

Бугарските државјани Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки загинаа во авионската несреќа што попладнево се случи кај Солунска Глава, објавија дел од бугарските медиуми.

Со авионот управувал Бошнаков кој имал аматерска лиценца издадена од бугарските власти.