ХЕРОИТЕ СЕ ИСТАКНУВААТ КОГА Е ТЕШКО, ВЕНКО ПЛЕНИ СО СВОЈАТА СМИРЕНОСТ И СПОСОБНОСТ: Пофалби за Филипче на социјалните мрежи

0
4876

Начинот на кој министерот за здравство Венко Филипче се справува со ситуацијата со корона вирусот наиде на пофалби во јавноста.

Поранешниот колега Бранимир Јовановиќ на фејсбук напиша: “Мора да се признае дека Филипче засега доста добро се справува со корона-кризава. Смирено, без креирање паника, но со преземање сериозни мерки, за да биде јасно дека ситуацијата не е за занемарување. Да, довербата во нашиот здравствен систем е на ниско ниво, но единствениот начин таа повторно да се изгради е преку вакво одговорно однесување од страна на здравствените власти.”

А новинарот Огнен Јанески исто така во поопширен и подолг статус пишува: “Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со сите околу него од медицината – лекарите, специјалистите, здравствените работници, техничкиот и помошниот персонал – јавно ги пофалувам, им аплаудирам и им изразувам благодарност за вложеноста во периодов, како и за посветеното работење на своите професионални обврски, во земја каде што народот нема ни трошка доверба во системот.

Не го фалам министерот затоа што е политичар, туку затоа што навистина организациски покажа дека досега одлично се носи со ситуацијата, а дополнително што не покажува нервоза, анксиозност или вознемиреност за време на комуникацијата со народот. Овој народ има потреба од смиреност во вакви моменти, за да не се крева паника.”