Хербалајф“ казнета со 200 милиони долари – ги лажела луѓето дека ќе станат милионери доколку продаваат нивни производи

0
1402

Менаџментот на фирмата Хербалајф во петокот се согласи да плати 200 милиони долари, за да го промени начинот на делување, како и да ги подмири побарувањата на сојузните регулатори, затоа што ги довел луѓето во заблуда дека брзо ќе се обогатат доколку ги продаваат нивните произоводи пишува www.оpptrends.com.

Компанијата Хербалајф, како што наведуваат федералните агенти во својата тужба, ги заведувала луѓето да станат негови дистрибутери или членови. Им покажувале видео снимки и брошури на нивните дистрибутери кои живеат на висока нога. На снимките имало палати, фенси автомобили, и сите можно удобности, додека реалната ситуација била далеку поприземна.

Имено како што наведоа федералните агенти, голем број на луѓе дури биле и во загуба, или заработувале многу малку

Хербалајф ќе може да продолжи со своето делување, само доколку на сите наредни привлекувања на дистрибутери им биде претставена реалната слика.