Хајндл в среда во Скопје, посетата на Нуланд непотврдена

0
993

Германскиот посредник за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, в среда ќе допатува во Скопје, потврдија за „Мета“ од Амбасадата на Германија во Скопје.

Засега не се откриваат детали од посетата на Хајндл. Се шпекулира дека и заменикот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, ќе ја посети Македонија, но во моментов нема потврда за нејзиното доаѓање. Во опција се два термина, 6 јули, што се совпаѓа со посетата на Хајндл, и 10 јули, односно по завршувањето на самитот на НАТО во Варшава.

Не се знае дали Хајндл ќе се обиде заедно со Нуланд да притисне за да ја деблокира политичката криза или, пак, само ќе го подготви теренот за американската дипломатка.