Хари Локвенец: Позитивниот одговор на референдумот шанса за влез во ЕУ и НАТО

0
1030

– Големите и успешни европски држави во минатото ја препознале и ја зграпчиле шансата која им била дадена. Нашата шанса ни се дава на овој референдум со позитивниот одговор на прашањето за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот за името со Грција, рече денеска пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, на почетокот на рефендумската кампања во Гевгелија.

Шансата, рече Локвенец, треба да ја зграпчиме за ЕУ и НАТО, за европска Македонија со европски процедури и правила затоа што ќе имаме огромни фондови за развој на земјоделието, образованието, младинските политики, културата и сите останати дејности кои ни користат за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија.

Според пратеникот, секоја генерација има прашање, а прашањето на нашата генерација е референдумското на 30 септември.

Градоначалникот Сашо Поцков изрази уверување дека поголем број гевгеличани, токму поради тоа што знаат што значи да си на европска граница и да ги користиш бенефитите од тоа, ќе излезат на реферндумот и ќе гласаат за европска Македонија.