Хан: Најдоцна до шести октомври треба да има договор за Изборниот законик

0
1079

Следниот чекор за Македонија е донесување изборен законик до шести октомври кој ќе биде од клучно значење за организирање на избори според европски стандарди. За да се осигура дека ќе се испочитуваат роковите, еврокомесарот Хан денеска разговараше со претседателите на четирите најголеми партии и од сите добил потврда дека роковите ќе се почитуваат, пренесе Телма.

grujo_i_han1-540x337

„Изборите треба и мора да бидат одржани до крајот на април како што е договорено. Најдоцна до шести октомври треба да има договор за содржината суштината на новиот изборен законик“.

Премиерот Груевски вели дека периодот што помина, Македонија покажа дека може да ги почитува обврските од политичкиот договор. Постигнатиот договор, според него треба да се искористи за насочување на енергијата за обновување на закочениот евроинтеграциски процес.

„Дијалогот кој вроди со видлив резултат за јавниот обвинител е пример дека сме способни за добри решенија кон ЕУ, кои треба да ги заокружиме со 6 октомври и рестартирање на интеграцискиот процес“, рече Груевски.

Со ветување за подобрување на состојбите во медиуската сфера, правосудството, образованието, политичкиот дијалог, Груевски побара отпочнување на преговорите со Европската унија, а разговорите со Грција за името да течат паралелно.

Хан потврди дека со спроведување на договорот меѓу власта и опозицијата, европските апсирации на Македонија повторно се живи. Сигурен сум дека европското семејство ја научи лекцијата, рече еврокомесарот.

Тој предупреди дека внатрешниот конфликт се уште не е до крај решен. „Ако се импленетира се што е договорено од јуни и јули, можам да ветам дека ќе направиме се за да ги убедиме нашите земји членки да ги напуштат нивните сомневања и да дозволат земјата да влезе во процес на преговори за членство“, рече Хан.