ФУРКАН МАНГАТА СО НОВА ГЕРИЛА АКЦИЈА : САЛИУ ГО ОБВИНИ ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПИОМ, ДРИТАН БЕЏЕТИ ЗА ТОА ДЕКА ПИОМ ПЛАЌА РОДНИНА НА ДИРЕКТОРОТ И ПРОФЕСОР ПО ФИЗИЧКО

0
2064

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу денеска објави видео од “посета” на Фондот за пензиско осигурување, каде како што објаснува Салиу, отишол по пристигнување на анонимно писмо во кое имало податоци за неколку советници на директорот на Фондот.

Според податоците во писмото, кои потоа ги потврди и директорот Дритан Беџети, тој како советници вработил професор по математика, професор по физичко образование и еден правник кој му е роднина.

Беџети не одговори на прашањето што го советуваат советниците кои, како што нагласи Салиу земаат плата од 40.000 денари.

Особено Беџети одбегна да одговори што го советува професорот по физичко образование, само кратко објасни дека првпат е на таква функција и дека е нормално за советници да ги земе блиските луѓе од “неговата екипа”.

Инаку Дритан Беџети е директор на ПИОМ по предлог на Алтернатива.