Функционерот на СДСМ од Битола, Борче Петковски добил КУРШУМ ОД ПИШТОЛ СО ПРИДУШУВАЧ и тоа додека бил во друштво со ексначалник на УБК и со поранешен градоначалник на Битола!

0
1574

Функционерот на СДСМ од Битола, Борче Петковски, кој вчера беше повреден со куршум во ногата, за време на инцидентот бил заедно со свои блиски пријатели, поранешниот градоначалник на Битола, Златко Вршковски, и бившиот началник на УБК за Битола, Љупчо Чкљамовски.

Извори од полицијата за „Мета“ велат дека најверојатно е пукано од пиштол со придушувач.

Од полицијата во Битола велат дека официјално ќе излезат со информации кога ќе завршат вештачењето и истражната постапка.

Петковски за „Мета“ вели дека се чувствува добро.

– Сè беше како на филм, ниту нешто видовме, ниту слушнавме истрел – вели Петковски.

Зрното му е извадено од ногата и тој ќе остане на домашно лекување.

Очевидци, пак, велат дека во критичниот момент се слушнал чуден придушен звук.

– Во близина на Петковски имаше дузина деца кои играа пред маркетот, додека родителите им пазаруваа. Имаше џагор. Малку понастрана има продавница за велосипеди, каде исто така имаше многу луѓе, деца и возрасни. Се слушна некаков чуден звук, прво помисливме дека е од автобусот што тогаш поминуваше. Потоа некој свика дека е истрел, па видовме дека е повреден човек – вели очевидец.