Фудбал ДА, национализам и омраза НЕ

0
1181

– Уморен сум веќе да гледам националистички испади и провокации од поединци кои фрлаат дамка на спортот угледот и честа на спортистите и сите нас.

Со години свирите и вандализирате на нашата национална химна, сквернавите национални и државни обележја, до кога вака?

Зарем сметате дека оваа е соживот, толеранција и почитување, НЕ оваа се фрустрации и недостижни желби на поединци за креирање на наводно големи нации и држави кои повторно во Европски рамки се само едно зрно песок.

Доволно беше, Фудбалските федерации на Албанија и Македонија да го осудат чинот на вандалското и неспортско однесување на поединци, надлежните да превземат конкретни дејствија против сторителите а ние политичарите без ракавици отворено и чесно а не само декларативно во име на соживотот да пристапиме на решавање на проблемот и заложбите за целосна интеграција на граѓанскиот концепт.

Во спротивно и нашите деца ќе ја бараат својата иднина далеку од дома.

Секогаш посакувам кој е подобар да победи но на крајот секогаш да триумфира спортот.

Вие кои што свиркавте, исвиркувавте, фрлавте бакљи и плукавте по сите нас а и самите себеси нека ви служи на честа, вам не ви е место во Република Македонија.

Максим Димитриевски – Фејсбук статус