ФРЧКОСКИ : ОВА ШТО ГО ПРАВИ МИЛОШОСКИ Е ОБИД ЗА НЕКАКОВ ПАЗАР

0
1030

Професорот Љубомир Фрчкоски, кој е предложен за амбасадор на РС Македонија во ОН, вели дека процедурата се уште не е завршена, а за заканата од Антонио Милошоски дека ќе направи се што е во негова можност за да не го изберат, вели дека е обид за некаков пазар.

-Не знам дали јас да го коментирам ова оти процедурата сѐ уште не е завршена. Впрочем, именувањето на амбасадорите е поврзано со надлежностите на претседателот, а не е поврзано со Собранието. Ова што го прави Милошоски е обид за некаков пазар и притисок кон власта, вели Фрчкоски за Утрински брфинг.

Тој појаснува дека улогата на Собранието преку Комисијата за надворешни работи е факултативна, а не суштинска преку сослушувањето на идните амбасадори што го прави оваа комисија.

-Мислам дека претседателот треба да си ги преземе уставните и законските надлежности поврзани со неговата улога во надворешната политика на земјата, а со тоа и околу амбасадорите, вели Фрчкоски.