Фрчкоски: Израелската служба ќе достави се што треба за случајот со опремата за прислушкување

0
1233

За работата на специјалната обвинителка потребни се интегритет и храброст, многу работа и анализа. Обвинителката треба да направи приоритети за случаите, а главната работа е одговорноста за тајното прислушување, вели за порталот Академик професорот Љубомир Фрчкоски.

akademik-2371-540x345

Интервенцијата на меѓународната заедница беше неопходна

Од тие причини, додава тој, интервенцијата на меѓународната заедница била неопходност и смета дека таа треба да продолжи. Фрчкоски истакнува дека институциите не можеле да функционираат нормално за да ја решат кризата и затоа била потребна, како што вели, робусна меѓународна интервенција од таков тип.

„Мислам дека ваквата робусна меѓународна интервенција треба да продолжи и во контекст на работата на специјалниот јавен обвинител се до разрешување на големата афера со прислушувањето и серијата на стотици кривични дела поврзани со неа“, вели професорот. Тој додава дека на обвинителката во таа насока и претстои „многу работа“.

Главната работа е прислушувањето

„Обвинителката треба да се фати за работа и да ги анализира случаите со тимот. Таа треба да направи приоритети за случаите за кои може многу брзо да излезе. Ќе биде голем притисок и интерес за нешто што е горе доле отворено и јасно, за серијата јасни кривични дела кои се препознаваат низ телефонските разговори, на пример рушењето на Космос, фалсификувањето на лични карти, крадењето на кеси со изборен материјал, злоупотребата на полицијата и насилство на изборите во Охрид. Најјасно е можеби корупцијата при купувањето на опремата од  Израел. Ова се кривични дела кои би можеле да се завршат за два три месеци, на пример до месец јануари би можеле да се процесуирани како обвинителни акти. Има кривични дела и сложени случаи кои бараат повеќе работа, а тоа е самото тајно прислушување. Мора да се види кој е одговорен за тоа, да се реотвори случајот, обвинетите да се повикаат за сведоци бидејќи се главни сведоци, точно да се лоцира одговорноста итн. Тоа всушност е главната работа“, истакнува Фрчкоски, подвлекувајќи дека меѓународната заедница како фактор ќе одигра улога и во понатамошниот процес, во смисла на неговата судска објективност и мониторирање.

Ќе биде потребна меѓународна правна помош

Тој образложува дека клучно ќе биде и прашањето за меѓународната правна помош во однос на експертизата на доказниот материјал во врска со снимките, процесуирањето на доказите во тoј контекст, но и понатамошното расветлување на прашањата и сомнежите за корупција. Професорот посочува дека покрај стручната помош за експертиза на доказниот материјал, меѓународната правна помош е потребна и за истражувањето на, како што вели, сметки во даночните финансиски раеви.

„Потребна е меѓународна соработка. Има механизми за тоа, банките реагираат соодветно на тоа. Или за истражување на сметки во даночните финансиски раеви. За ова ќе биде потребна поширока меѓународна помош, но тука има и меѓународни стандарди кои функционираат во таа смисла“, укажува Фрчкоски, додавајќи дека голема соработка во врска со одредени прашања ќе има и со израелските служби.

„Израелската служба ќе достави се што треба, таа веќе еднаш тоа го направила за еден претходен случај со поранешен министер. Израелските служби кажале се за тој случај и по таа рекција на Израелците, се заклучува дека истото може да го направат и за овој случај“, смета Фрчкоски.

Повеќе од текстот на Академик на следниот линк.