ФРЧЕТО ГИ НАБУТА 200-ТЕ АНАЛНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ВО МАЈЧИНА МУ – Срамна сурија

0
1903

Писмото за 200 македонски интелектуалци за прекин на преговорите со Грција околу спорот за името или спорот произлезен од грчкиот проблем со нашето име, сеедно, е крик на оштетениот интелектуалец од гумното на нацијата жртва и нејзиниот национализам!

Тој и таков интелектуалец не може да мисли и делува надвор од координатите на национализмот на нацијата-жртва, а тоа е главно паранојата на провинцискиот ум на конспирации и закани. Потка на тоа мислење се состои од наоѓање алиби зошто тој и неговата нација не можат, не се кадри, неспособни се и то. Не можат да бидат слободни, делотворни, еманципирани, со поглед напред и со самодоверба – бидејќи ги мразат соседите, ги оспоруваат соседите, ги отфрла и не ги разбира меѓународната заедница, малцинствата ги роварат одвнатре, либералните интелектуалци ги предаваат одвнатре. Или со речникот на оваа патетична сурија: на македонскиот народ му се подготвува и води (отсекогаш впрочем) духовен и физички геноцид од соседите… му се копа гробница однадвор и одвнатре…).

Тоа е нивниот хоризонт на мобилизација и „творештво“ и отсекогаш таков бил. Со тој аноректичен интелектуален ангажман не можете да аргументирате бидејќи своите убедувања ги базираат на фантазии за конспирација, а со фантазии не можете да полемизирате (Конисберг). Идентитетот на Македонецот кој во своите фантазии го бранат е негативно определен: Македонецот е тој кој се чуствува негиран, поделен, омразен и згазен, а од таа перспектива онемоќен и гневен. Тој не може бидејќи некој друг му оневозможува, но еве тој ќе крикнел и сите (ерга омнес) ќе дознаеле за неправдата кон него (јебао вас крик)!  Од тој аспект тоа во основа е и здодевна сурија.

Но, 200-тоте од Термопилите-под-Мариово сега се мобилизираат во еден посебен паничен момент – кога на тоа држење на Македонија заложник на изолацијата, на Македонија „во дупка“ и на Македонецот „кој не-може“, може да му се види крајот! Кога има геостратешка шанса да се излезе од таа дупка, секако, ако се сака, ако се мобилизира граѓанството во еманципаторската насока, ако за тоа се има критичка интелектуална мобилизација и човечки материјал секако. 200-те во Суријата се симбол на Македонија која останува назад, како талог на дното од дупката во која толку долго, предолго нацијата битисуваше. Тие не се предводник кон никаде и ништо, тие се талог кој останува. И тоа може да биде интелегенцијата секако – талог на нацијата.

Не е вредно труд и напор на овој профил на заробен ум да му објаснуваш дека националниот интерес на Македонија е едиствено можно и впрочем најефикасно да се одбрани ако се има среќа и способност да може да се направи „плетенка“ со геостратешките интереси на крупните меѓународни актери на балканската е европска сцена: она што го означуваме како стратешки партнери на Македонија! Дека националните интереси ќе ги загрозиме ако останеме сами и изолирани уште еден период во иднината! Дека на тој пат заедно со тие партнери треба да ги нормализираме односите со соседите и да ја симнеме постојаната алиби-ситуација за јаловоста на нашата интелегенција (дека некој постојано не блокира и затоа сме неспособни). Треба да исчекориме во слободата која за нас е моќна и досеглива сега и тука. За која услови сме создале, за кои услови нашиот народ платил висока цена на одрекување и страдање и сега треба неговата граѓанска интелегенција да ги одигра потезите на одговорно предводење, на лидерство (храбро и паметно) за да со последните потези на можната еманципаторската излезна политика и евентуално се оствари.

Каков е тој ум што ова не може и не сака да го види? Кои се тоа плачипич…..аргументи од Вучичевски маштап во чокајлиева интерпретација: нечемо у ЕУ ако је услов признавање Косова) „нејќеме у ЕУ разнебитени, обезличени и сл. Кој хохштаплерај во лажење и фалсификување на позиции и факти е тоа? Го грабнале и го држат јорганот -алиби кој ги покрива аноректичните интелектуални телца од можната слобода и соочување со тоа дека Македонецот може да биде слободен и не-омразен можеби. Признат, а не-негиран можеби! Во тој нов момент во нашата историја ќе се соочиме конечно со тоа што можеме кога не сме оспорувани и негирани како алиби за откажување! Со тоа кои сме и што вредиме конечно сами за себе и со слободата во наши раце?

Нормално е на некој начин што 200-те од Термопилите под Мариово – во моментот кога е можен пробив, се во панична мобилизација! Сега се бара прекин на преговорите и пад во тотална изолација која ја оценуваат како доблест! Како гордост на пропаѓање – што со Лакaновски речник би бил порив на смртта (death drive ) можно разнебитување – но гордо во нивните умови! Некои од нив се во карактеристична интелектуална какофонија (како што секогаш биле) па предлагаат поприфатливи имиња за државата (???) што значи не се баш за прекин туку за поприфатливи солуции за крајот на преговорите! Некои од нив предлагаат за излез други алијанси и статешки сојузи (и јасни анти-американски) анти-европски и анти-НАТО позиции ! Трети во таа срамна сурија предлагаат конечно во тој расплет раздружување и со Албанците бидејки ова била Македонија на Македонците и сега е моментот на расчистувањето и на тоа прашање во котелот на кризата која ќе се појави по евентуалниот колапс на преговорите и изолација на земјата.

Дел од нив (а тие се посебно драматични) се нудат како жртва) ја антропоморфизираат заедницата и ситуацијата во која замислуваат дека е таа: еден вели се родил во Македонја, а ке умре демек во Не-Македонија? Поколенијата и претците (Ахх…) им ја подале – завештале Македонија – мајка да ја чуваа, а тие сега рацете им треперат пред предавствто што демне да го изгубат завештанието, да немаат на децата што да им остават?

Жртвата како знаете, драги мои ја пополнува и закрпува (дупката) процепот меѓу светото и профаното, Божјото и она на заедницата – со процесијата на жртвувањето (Бре! бре!) Сето тоа дополнето со ритуалното присуството на старите погани глави на генетското мудросерство од МАНУ!

Со еден збор, драма на лажни појавности (drama of false appearances) симулакрум на интелектуален ангажман кој не можете за жал (demenatio memoriae) ниту да го прогоните од сеќавањето) бидејќи се поредиле ете тука, токму се, толку се 200-те од Термопилите!

Имам некое мало задоволство во погледот на нивните испотени чела, не е да немам! Во погледот на нивните две меѓувеѓни брчки насобрани од грижа за идентитетот! Се секавам на зборовите на американскиот кантри пеjач Вили Нелсон: кога некој е неуспешен во некоја работа доволно долго – исто станува легенда!

Љубомир Д. Фрчкоски