Фросина Ременски : Човекот кој ме нападна в Собрание е осуден на казна затвор од две години

0
1989

Пратеничката Фросина Ременски синоќа на својот профил на Фејсбук објави дека извесниот Бранко Василевски, кој ја нападнал во Собранието на фамозниот 27 април, е осуден на казна затвор од две години. Таа тврди дека обвинетиот ја признал вината за случајот за кој инаку немаше видео-материјали како докази.

„Во, кривична постапка пред надлежно ЈО, за кривично дело “Насилство” на казна затвор од 2 години е осудено лицето Бранко Василевски кое признало вина за сторено насилство врз пратеничката Фросина Ташевска Ременски и други лица.
Првостепена пресуда K.br.602/18 од 30.05.2018 Основен Суд Скопје 1.Второстепена пресуда KZ br.617/18 од 23.04.2019.“, напиша доскорешната потпретседателка на СДСМ на својот профил на Фејсбук.

Василевски ја малтретирал Ременски за време на собраниските инциденти со нозете по рацете и стомакот, откако претходно и упатил закани. По ваквите удари пратеничката Ременски добила повреди во стомакот и на кожата од рацете, пишуваше претходно во обвинението. Таа сведочеше за овој инцидент лани во Кривичниот суд лани во август.
Василевски не беше меѓу 33-цата обвинети на обвинителна клупа за собранискиот упад од 27 април. Панче Ангелов, кој ја нападна вицепремиерката Радмила Шекеринска како тогашна пратеничка, лани беше осуден на затворска казна од четири години.