ФРОСИНА РЕМЕНСКИ : ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОВСКА ЈАВНО ДА МИ СЕ ИЗВИНИ И ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ ИЗНЕСЕНИТЕ ЛАГИ ВО ЕМИСИЈАТА ,,ВО ЦЕНТАР” КАЈ ВАСКО ЕФТОВ ИЛИ ВО СПРОТИВНО СО ДОЗВОЛА ОД СУД ЌЕ ИЗВАДАМ МАТЕРИЈАЛ ВО ВРСКА СО ПРЕТРЕСОТ ВО МОЈОТ ДОМ

0
1159

Врз основа на член 13 став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во врска со член 8 и 6 од истиот закон, ПОБАРАВ јавно извинување и повлекување на изјавата на обвинителката Вилма Русковска со која како службено и физичко лице со намера да наштети на мојата чест и углед, во јавноста („Во Центар“ кај Васко Ефтов) свесно и намерно изнесе невистинити факти што се штетни за мојата чест и углед, угледот на ЈО со кое раководи и на други институции, а знае и е должна да знае дека се невистинити.

Имено, на гостување во емисијата насловена како „Во Центар“ со новинарот Васко Ефтов на 16.12.2021 година емитувана на YouTube каналот во 22:00 часот, надвор од контекстот на прашањето кое беше поставено од страна на новинарот, обвинителката Вилма Русковска свесно и намерно изнесе невистините факти што се штетни за мојата чест и углед, штетни за угледот на институцијата што ја претставува, за други институции и штетни за објективното информирање на јавноста, затоа што како јавен обвинител знае и е должна да знае што е вистина, а што невистина во јавно изнесеното.

Во емисијата на 41:51 велите (цит.):

Само едно можам да споделам со Вашите гледачи, а тоа е дека отидов со налог за претрес во домот на Ременски им отвори постара жена, мислам дека мајка на сопругот и овие покажале налог за претрес и влегуваат …, звонат да дојде не доаѓаат, се јавуваат у Собрание, дали е у Собрание, бидејќи беше потпретседател на Собрание, ни викаат си отиде и кога ги искључија камерите, што ги имаа надзорните во домот, тогаш за неполни 5 минути дојдоа, и Фросина и сопругот. (Васко Ефтов цит.) „Што тоа значи?“. (Вилма Русковска цит.): „вероватно на телефон гледале …,“ (Васко Ефтов цит.): „На телефон гледале што се случува кај нив дома?“ (Вилма Русковска цит.): „Да. И кога се искључија камерите они за 5 минути дошле – неполни 5 минути. Тоа настрана …, и Фросина Ременски како тогаш и потпретседател на Собранието на РСМ со меморандум од Собранието, со архивски број со потпис потпретседател на Собрание на РСМ д-р Фросина Ременски испраќа известување до Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди против полициските службеници што вршеле претрес кај нејзе дома. Мене тоа кога ми го покажаа, јас му се јавив на Претседателот г-нот Талат Џафери и го прашав дали е запознаен со таа работа, тој ми одговори дека тоа е чиста злоупотреба, затоа што го користи Собранието за приватна работа. И тогаш Претседателот Џафери ми кажа според Деловникот на Собрание во името на Собранието со други институции единствено овластување да комуницира е самиот Претседател и никој друг …

Со изнесеното од страна на обвинителкат, јавно во емисија таа свесно и намерно изнесе невистини не само како физичко лице, туку и како одговорно лице – јавен обвинител кој е страна во постапка и имала увид во вистинитите факти кои се спротивни на сите изнесени невистини.

„ВпрочемВие (Вилма Русковска) изворно знаете дека, Фросина Ременски никогаш не доставила, ниту пак поднела известување/претставка до Одделот за внатрешна контола и професионални стандарди при МВР против неовластените дејствија на полициките службеници како Потпретседател на Собранието на РСМ во меморандум на Собрание, со потпис и печат.

Вие изворно знаете дека, не само што не постои претставка во меморандум на Собранието за што свесно изнесовте невистини, туку знаете и ја имате на увид мојата претставка доставена до Одделот за внатрешна контрола во МВР и до Министерот за внатрешни работи доставен во меморандум на адвокатското друштво кое е мој правен застапник.

Дотолку повеќе што знаете дека, никогаш не сум го споменала, ниту сум се повикала на некаков пратенички статус или имунитет во целата постапка – од почеток до денес.

Ова го сметам за груба навистина, но и дрскост на јавен обвинител неповикано да интерпретира комуникација со претседател на законодавната власт во државата.

Вашата востоставена пракса на јавна комуникација во стилот „му реков – ми рече“ не е во функција на уставните начела за независноста и поделбата на властите“.

„Дополнително, свесно изнесовте невистини во врска со претресот во мојот дом со кој раководевте по телефон и издававте незаконски наредби на полициските службеницииЗнаете исто така дека, не само што претресот е извршен на незаконит начин и без обезбедени услови за вршење претрес согласно членот 191 од ЗКП, туку Вие лично штитејќи се себе си од одговорностите од позиција на сила ги попречивте сите законите права, обврски дејствија на други независни институции кои постапуваа во претставките и поднесоците поднесени од моја страна.

Дополнително знаете или сте биле должна да знаете дека, Фросина Ременски не дошла за неполни 5 минути откако биле исклучени камерите, туку час и половина подоцна. Записникот во кој полициски службеник го наведува тоа е Ваш доказ во судската постапка, а тој содржи факти спротивни на изнесените невистини.

Ова го знаете дотолку повеќе што од Вашите прибрани докази (по базни станици) знаете дека, Фросина Ременски на 09.10.2019 година цел ден до 19.05 часот била/беше во Собранието на РСМЗа тоа постои Ваш доказ, а постојат и службени белешки од полициски службеници во Собранието кои белешки се дел од Извештајот по Претставката од Одделот за внатрешната контрола со обем од 14 страници кој организирано со други лица попречивте официјално да биде доставен до мене како подносител, бидејќи имплицира факти за незаконското истражно дејствие„.

Фалсификувањето на фактите е предмет за друга постапка.

„Во прилог на кажаното и јавно изнесените невистини од Ваша страна, како јавен обвинител сакам да Ве потсетам дека, ЈО Ивана Трајчева која уредно доаѓа на сите рочишта има увид во целокупниот доказен материјал и материјалот изведен на главните расправи.

Па оттука, сте знаеле или сте биле должни да знаете (како застапник на обвинението) дека, во мојата доказна постапка беа изведени материјални докази токму за претресот (во писмена форма и како видео материјал) кои се спротивни на сето изнесено од Ваша страна.

Со дозвола на Судот дел од тој материјал ќе биде доказ во тужбата која ќе ја поднесам до Васдоколку јавно не се извините за изнесеното и не го повлечете кажаното.

Вие како јавен обвинител и ЈО („посилна страна“ во постапката), која сте ја воделе истрагата сте должни да не изнесувате невистини кои можат да се толкуваат како клевета и како навреда, но и како сериозно јавно влијание преку нарушување на принципите на законитост, непристрасност и објективност, кон страната во судската постапка, кон Судот и како дезинформирање на јавноста“.

„Имајќи го во предвид сето горенаведено, а во интерес на заштита на мојата чест и углед од изнесените клеветнички изјави од Ваша страна, не само кон мене туку и на штета на Собранието на РСМ и на ОЈО за ГОКК како институција предводена од Вас, барам во рокот предвиден со законот да се извините во печатено, електронско средство за јавно информирање или интернет страница и како невистинито да го повлечете искажаното

Пишува : Фросина Ременски