ФРОДЕМ: Членството на ДПМНЕ да не потпаѓа под диктатот на врхушката

0
1078

ФРОДЕМ е запрепастен од последните настани во ВМРО-ДПМНЕ и го повикува членството на пртијата да не потпаѓа под диктатот и манипулација на, како што вели,  врхушката и да бие туѓи битки.

„Анализата на фарсата „после нас потоп“ кулминираше со две опасни пораки. Првата порака е дека е дојдено време за „ноќ на ножевите“ насочена кон внатрешните неистомисленици и кон целата опозиција во државата. Втората, насочена кон пријателите од меѓународната заедница со порака да си „заминат“!? Ова е можно само од оние личности кои доживеле церебрален казамат во главите“, соопшти ФРОДЕМ.

Првата порака, според партијата, значи спремност за брутална пресметка со внатрешните непријатели.

Втората закана кон странците, додава ФРОДЕМ, укажува дека режимот е уплашен, дека посегнува по очајни закани и дека не му е гајле ниту за угледот и опстојувањето на ВМРО, а уште помалку за угледот на Македонија во меѓународниот свет.

„ФРОДЕМ се обраќа до членството на ДПМНЕ да не потпаѓа под диктатот и манипулација на врхушката и да бие туѓи битки. Врхушката доживеа пораз. Бараше 63 пратенички места, но едвај доби 50-51 место, со сите јавни закани и прикриени притисоци, неправилности и изборни криминали. Редно е да се понесе одговорност за тоа. Членството не смее да дозволи поради незадоволителниот резултат да се става во заложништво ВМРО, а уште помалку нашата држава Република Македонија. Никој не е венчан за фотелји, никој не е вечен. Вечна е македонската држава, а потоа партијата и партискиот интерес ВМРО брзо да се консолидира и реформира и да учествува во власта“, порачуваат од ФРОДЕМ.

Отаму додаваат дека партиските органи и тела треба слободно и по сопствена волја да се изјаснат за идното делување на партијата и за нејзината идна улога, а оние кои ги „доведоа граѓаните до ова дереџе“ да понесат одговорност.