Фрлена “кашикара” пред зградата на скопската полиција

0
913

policija

Силна експлозија синоќа половина час после полноќ предизвика немир во скопски Аеродром.

Имено, непознато лица активирало експлозивна направа на паркинг просторот во близина на Секторот за внатрешни работи, при што се слушнала силна детонација и се оштетени повеќе возила и прозорци.

За среќа нема повредени лица.

Полицијата веднаш реагирала со што е обезбеден просторот, а повеќе детали ќе бидат соопштени после увидот во текот на денот.