Французинот ќе ја добие капитенската трака на црвените ѓаволи од Манчестер Јунајтед за да остане на Олд Трафорд

0
1153

Првите луѓе на Манчестер Јунајтед ќе се обидат со сите можни сили да го зачуваат на Олд Трафорд победникот на Светското првенство во Франција, Пол Погба кој е пред сериозен трансфер во Реал Мадрид според британските медиуми.

Англискиот фудбалски гигант, Манчестер Јунајтед е подготвен на францускиот среден напаѓач да му ја понуди капитенската лента на црвените ѓаволи со цел да му покаже на французинот колку го ценат клубот и управата.

Како што беше откриено од страна на Sunday Mirror Sport минатата недела, Јунајтед му соопштил на 26-годишниот дека по никоја цена нема да биде продаден во текот на летниот период и покрај тоа што Реал Мадрид започнал да флертува со Погба со цел да го донесе во редовите на Зидан на Сантијаго Бернабеу.

Првите луѓе во Олд Трафорд се подготвени да му дадат поголема одговорност на Погба на теренот и во клубот со тоа што ќе го направат капитен на црвените ѓаволи – а исто така ќе му се понудат преговори со цел да ја обезбедат неговата долгорочна иднина на нов долгорочен договор.

Според англиските медиуми шефот на црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјаер сака нов лидер следната сезона околу кого ќе може да се креира целата формација и игра на тимот.

Сегашниот капитен на клубот, Антонио Валенсија заминува кој е пред самиот крај на договорот го напушта клубот.

Досега капитенската лента на црвените ѓаволи ја носеле Погба, Де Геа и Смолинг.