(ФОТО) Стевчо Муња учествувал во сообраќајна несреќа во Кр.Паланка и со помош на Арсенчо го напуштил местото на несреќата

0
1742

По вчерашниот лумперај во манастирот Св. Јоаким Осоговски, Стевче Јакимовски – градоначалникот на Карпош, вечерва со својот џип учествувал во сообраќајна несреќа во Крива Паланка.

stevo

По враќањето негово најверојатно од родното село Подржикоњ, каде што овај новокомпониран Амди Бајрам гради луксузна вила, на раскрсницата кај “осички мост” предизвикан е судир со друго возило.

Веднаш по несреќата, според очевидци виден е како пешки се одалечува од местото на настанот од каде свртел неколку телефони и за кратко време пристигнал неговиот тазе пријател, градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски, со чиј џип заминале двајцата во непознат правец.

Се поставува прашањето:

Зошто претседателот на ГРОМ избегал од местото на несреќата?

Дали можеби му е срам да го гледаат кривопаланчани додека полицијата прави увид?

20151018_201001

Што барал градоначалникот на Крива Паланка и дали е злоупотребен неговиот авторитет за да се изврши притисок врз дежурните сообраќајни полицајци?

Бидејки имал бурен викенд, дали Стевче Јакимовски можеби возел под дејство на алкохол и на тој начин избегнал да биде подлежен на алкотест?

Според новиот правилник за сообраќајни прекршоци, колку пари е казна за напуштање на местото на несреќата и одбивање на вршење алкотест?