(ФОТО) СЕГА Е ВЕЌЕ ГОТОВО, ОНОЈ СО ХИЛТАТА ПОВЕЌЕ НЕ Е ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП, ОТИДЕ ВО КУКУРУЗ

0
2634

Општинската изборна комисија во Прилеп денеска му го додели уверението на новоизбраниот градоначалник на оваа општина Илија Јованоски.

По преземањето на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Марјан Ристески се заблагодари на укажаната доверба  и изрази уверување дека ќе биде градоначалник на сите граѓани во општина Прилеп.

Потенцира дека сите проекти што се ветени ќе бидат реализирани.

Ристески му го честиташе новиот четиригодишен градоначалнички мандат и посака успеси во работењето и реализирање на сите проекти што ќе бидат во интерес на граѓшаните.

Уверенија денеска добија и сите 27 советници во Советот на општина Прилеп.

– Согласно изборниот законик член 37 Општинската изборна комисија денеска на избраните кандидати им ги додели уверенијата за нивниот избор и тоа на избраниот градоначалник на Општина Прилеп и на избраните членови на Советот на Општина Прилеп. Изборите се одржаа на 15.10.2017 година, изборниот процес заврши во првиот круг на гласање. ДИК со посебен заклучок од 24.10.2017 објави конечност на изборните резултати. По што и ОИК ги објави конечните резултати, истакна Каролина Шукуроска, претседател на ОИК Прилеп.

За утре е закажана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп на која што ќе бидат верифицирани 27-те мандати на членовите на Советот. На седницата ќе биде избран и новиот претседател на Совет.