(ФОТО) Режимот се потруди максимално за оваа средба никој да не дознае за да не се налутат Израел и Мосад! Нас ни се чини дека Грујо веќе нема да летува во Израел!

0
982

Ете и тоа го доживеавме, наш министер за надворешни работи се сретна со најголемиот непријател на САД и на Израел – исламскиот лидер на Иран! Човекот кој повикува на уништување на Израел и кој ја финансира терористичката Хезболах која убива израелски војници во Либан и Палестина. БРАВО!!! Лидерот на земјата која апси американски војници и ги понижува, а исто така апси и американски новинари и дипломати кои сеуште се во заложништво во Иран. На тоа дереџе паднавме ние како земја, и после се чудиме зошто САД се повеќе ни врти грб како земја и застанува на страна на Грција и Албанија.

Еве што пишува за ова еден режимски копук:

Еден исклучително голем настан помина речиси незабележително во домашните и странските медиуми( дали?). Иако санкциите de jure се укинати кон Исламската Република Иран, САД de facto и понатаму вршат огромен притисок кон својте сателити да не започнуват никаква соработка со Иран. На ова се придржуват речиси сите сателити на САД.  Никола Поповски е првиот висок поличар од Европа кој го посети Иран и се сретна со Врховниот Лидер на Исламската Р. Иран Ајатолахот Хамнеи. Со ова Македонија и понатаму пркоси на светските бандити и го покажува својот голем дух на непокор ,самобитност и независност. Горд сум на Македонија.

Но она што е јасно зошто за средбава никој не дозна е затоашто РЕЖИМОТ ТАКА САКАШЕ! Веројатно на средбава Поповски договарал продажба на ЕЛЕМ или договарал земање на половни кредити за земјата со оглед на најавеното кредитно ембарго што му го спрема на режимот западот по пропаста на пржинскиот договор. Самата Иран беше под економско ембарго на САД поради нуклеарната програма но сега по договорот кој беше постигнат пред неколку месеци Иран повторно може да извезува нафта и да располага со своите девизни резерви а за возврат мораше да се откаже од идејата да има своја нуклерана програма која наводно беше за цивилни цели но сите знаеја дека се работи за обид на Иран да стане нуклеарна сила и да може да му парира на Израел кој има 100 нуклерани боеви глави за што официјално се молчи но е јавна тајна во меѓународната политика.