(ФОТО) Пациентка излекувана од вирусот даруваше крвна плазма: Дарувајте без двоумење!

0
753

Билјана Чочовска е излекувана пациентка од корона вирус, откако се избори со болеста одлучи да донира крвна плазма за третман на болните. Таа се надева дека нејзината крвна плазма ќе им помогне на останатите пациенти.

„Со дарувањето на конвалесцентна плазма сакам да помогнам на тие кои во овој момент се борат со вирусот, а нивните симптоми се значително посилни. Ги охрабрувам сите кои се мислат дали да даруваат крвна плазма и воедно ги исполнуваат условите за тоа, да го сторат истото без двоумење. Постапката за проверка на присуство на антитела е брза, лесна, ефикасна и организирана, а чувството е прекрасно кога знаете дека можеби ќе помогнете некому во борбата против коронавирусот“, истакна Чочковска.