(ФОТО) Овој што вози Сеат Ибица, денеска побарал од владата да вози уште повеќе!

0
1329

Градежниците очекуваат да градат повеќе инфраструктурни објекти со што ќе го обезбедат растот на економијата. Според нив продолжувањето на примената на повластената стапка на ДДВ од 5 отсто за становите ќе придонесе за стабилен раст на секторот.

vozi seat

– Новите проекти за изградба на делници од брзи патишта заедно со планот и натаму да се градат локални патишта очекуваме да придонесуваат за натамошен раст. Капиталните проекти се повеќегодишни и за нив е обезбедена финансиска конструкција што ни дава за право да се надеваме дека градежниот сектор и натаму ќе биде двигател на вкупниот економски раст. Лидерската позиција на градежниот сектор се одрадзува директно и индиректно и во други економски сектори, односно повлекува раст на повеќе од 26 други гранки од економијата поврзани со него. Инвестициите во инфраструктурни проекти значат основа и неопходност за раст на секоја економија – изјави претседателот на Градежната комора на ССК, Роберт Хот за време на свеченоста по повод поргласувањето на Градежната комора за комора на годината.

Претседателката на ССК, Данела Арсовска посочи дека инвестициите во инфраструктурни проекти значат основа и неопходност за раст на секоја економија.

– Веруваме дека и следната година градежништвото ќе придонесува во голем дел за севкупен економски расти – рече Арсовска.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој присуствуваше на свеченоста, посочи дека со предложените измени на Законот за ДДВ,со кои се пролонгира примената на повластената стпака од 5 отсто на ДДВ за изградбата и првиот промет на станови е поддршка за градежниот сектор и ќе создаде услови за натамошна експанзија на станбената изградба.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=VF51VMZJ918[/youtube]