Владата на Република Македонија денеска ја одржа својата 33-та седница и донесени се следниве одлуки:
– Отпочнува реализацијата на пречистителна станица за отпадни води во Скопје. Разгледана и прифатена е информацијата за склучување на билатерален договор за ко-финансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на РМ.
– Владата донесе одлука за измена на распоредот на Буџетот на РМ за 2017 година. Обезбедени се финансиски средства за итна набавка на инкубатори за ГАК и за други здравствени установи.