(ФОТО) На Битола и се еба мамата, цел град голта чад само од оџакот на Еден Битолчанец

0
4029
Од Движењето „За чист воздух“ испровоцирани од, како што велат, игнорантскиот однос на надлежните, ја покренаа петицијата како последна шанса за институционална битка за обезбедување на поквалитетен воздух.
„Испровоцирани од фактот дека приоритетите на надлежните се насочени кон политичките кампањи и начинот на кој треба да дојдат на власт, несвесни за тоа дека доколку ги нема граѓаните ја губат и поддршката во сите сфери на нивното функционирање“, велат од движењето.15826231_10208303650050525_2050364534141244476_n
Отаму најавија писмо кое ќе биде доставено до Владата, Министерството за животна средина и други релевантни институции.
„Состојбата со нечистиот воздух во нашата држава, од ден на ден станува сѐ поалармантна, всушност веќе го достигна врвот на неодложување на овој проблем. Секој ден сме сведоци на сѐ поголем број болни деца од респираторни болести. Смртните случаи не се исклучок, за жал. Но, властите како да имаат поголеми приоритети од тоа да им обезбедат здрав живот на своите сограѓани и на нивните деца.
Постојаноста на сериозното загадување на воздухот и отворените јавни повици да се преземе нешто не вроди со плод. Затоа ние граѓаните, ние кои си го сакаме животот и сакаме да дишеме чист воздух, ја создадовме оваа петиција како последна шанса за нас и за нашите деца, со цел да ја извојуваме институционалната битка за почист воздух, да создадеме поквалитетен живот и да ја намалиме смртноста од аерозагадувањето.
Апелираме до Владата, да се откријат деталите за причините за загадувањето, со констатација дека Министерството за животна средина и просторно планирање сеуште нема излезено со веродостојни податоци околу причинителите на аерозагадувањето. Без овие информации ветувањата од страна на властите дека проблемот ќе биде решен најверојатно нема да ја доживеат својата реализација.
Ве молиме преземете ги потребните мерки додека не е доцна. Секоја минута е важна!“, пишува во писмото.
Петицијата е веќе отворена од 29 декември, а на неа за овие неколку дена се потпишале повеќе од 2 000 граѓани. Повеќе информации во врска со петицијата и активностите на здружението можат да се најдат на Фејсбук.