(ФОТО) Надгробна плоча за човековите права се појави пред Собранието

0
1262

Надгробната плоча од вистински мермер на која е напишано „Human rights“, односно Човекови права, пладнево е поставена спроти Соранието на РМ.

Станува збор за герила-акција на активистите кои велат дека Македонија е земја во која гласаат умрените, каде се аболираат најголемите криминалци, а се апсат борци за човекови права, каде демократијата секојдневно се убива, така што сосема е очекувано токму кај Собранието да се појави и надгробната плоча на човековите права.

ФОТО: ТВ 21