(ФОТО) МАКЕДОНИЈА ГО ИМА НАЈУБАВИОТ ШМЕКЕР КАКО МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, НЕ САМО ПО КВАЛИТЕТОТ ТУКУ И ОД НЕГОВИОТ ШАРМ ТРЕБА ДА НЕ ПРИМАТ ВО ЕУ И НАТО

0
3095

МНР Никола Димитров учествуваше на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на состанокот на лидерите од Процесот “Брдо Бриони” што на 3 јуни о.г. се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија.

“Новата реформска Влада на Република Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена нашата земја да стане дел од Евроатланските интеграции, а тоа е шанса не само за Република Македонија туку и за регионот и за самиот процес на пристапување.” – истакна МНР Димитров.

66363c0126c69ec2acc9bf80c96869a9_w770

“Воедно, тој подвлече дека независните и силни институции се стожерот на стабилноста на државите. Јакнењето на институциите, владеење на правото, промоција на култура на дијалог и компромис се нашите аргументи за забрзана евро-атлантска интеграција.

“ЕУ треба да остане искрена и директна при евалуирањето на нашите реформски и демократски процеси. Наша задача е да работиме на квалитативна трансформација на нашето општество. Да работиме на обезбедување на одговорно владеење и независни институции. Нашата цел е да изградиме модерна европска демократија, а ЕУ адекватно да ги валоризира реформите на тој пат. Зачленувањето во ЕУ и НАТО е нашиот врвен стратешки приоритет.” – заклучи министерот Димитров.

Делегацијата на Република Македонија на настанот ја предводеше претседателот Иванов, а покрај претседателите и министрите на надворешни работи на државите учеснички во Процесот, учествуваа и високи претставници на држави членки на ЕУ. Овогодишен специјален гостин на состанокот беше федералниот претседател на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер.

На маргините од состaнокот МНР Димитров оствари билатерални средби со МНР на Словенија Ерјавец и МНР на Хрватска Штир. На средбите беше изразена поддршка на евро-атлантските аспирации и на реформските приоритети на Република Македонија. Министерот Димитров истакна дека државите членки на ЕУ треба да го искористи моментумот во Р. Македонија како можност за ревитализација и зајакнување на европските перспективи во Регионот, нужна за негова одржлива стабилизација и развој.

a22ed1a890d7c8e40b2c0c3c0c2c0b23_w770

Димитров – Ерјавец

c66bd616efd37ff746ad149c19f54834_w770 29d390bf38929cf83ec8c2047a68ccbb_w743

Димитров – Штир

МНР Димитров оствари и tête-à-tête средба со МНР на Србија Дачиќ, на која беше изразена подготвеноста за изнаоѓање решение од интерес на двете страни, во контекст на последните случувања.

fcbeeac9c6b1a73ddababa1b058ec7e2_w710

Исто така, министерот Димитров имаше краток разговор со федералниот претседател на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер кој му честиташе на изборот. А оствари средба и со Ален Ришар, специјален претставник за Балкан на министерот за надворешни работи на Франција.b3304cd25f55cb0fb280bcc2fcb9a471_w770

 Димитров – Штајнмаер

8619899c7391a31737bdd49c1603e8fa_w770