(ФОТО) Ермира Мехмети: Продолжите да ми ја кршите колата,да се заканувате но реално сте трагични губитници

0
2644

Екс пратеничката на ДУИ, сега консултант во парламентот на Австрија, предмалку објави фотографија од скршен прозорец на нејзиниот автомобил и статус во кој кажува дека добива анонимни закани за да биде замолчена.

Мехмети за Алсат М во петокот изјави дека губитници на изборите се ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, а граѓаните гласале за промени.

-Може да продолжите да кршите стакла и друго на мојот автомобил, можете да испраќате заканувачки пораки ,можете да продолжите со анонимни повици по полноќ, може да продолѓите со игрите против мене….Но тоа нема да ја смени политичката реалност дека не сте ништо повеќе од трагични губитници. 
Имајте пријатен ден
семејство Мехмети – напиша таа.
Нејзиниот брат, Замир Мехмети на фејсбук напиша:Преку ден со фанатизам ги бранат фашистите и лавовите на ВМРО, а навечер кршат шофершајбни и се закануваат. Каков срамен крај за ДУИ- Краљево.
15592539_1109761759144077_758665522_n