ФОТО : Еве како изгледа демолираната Народна канцеларија на Хорхе во Тетово

0
1129

Со парчиња од ќерамиди и бетон, и со употреба на физичка сила, засега непознати сторители утрово меѓу 5 и 5:50 часот ги искршиле излозите и стаклата од влезната врата од Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов во Тетово, потврдува за МКД.мк потпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифовски.

Канцеларија се наоѓа на тетовската улица „Борис Кидрич“, каде освен тврди предмети били фрлани и јајца.

„По наредба на јавен обвинител извршен од Тетово е целосен увид на местото, а оштетувањата се фотодокументирани. Се преземаат мерки и активности за откривање на сторителот или сторителите, но и нивните мотиви“, информира Јосифовски.

Фото: Социјални мрежи