(ФОТО) Еве како Заев се релаксира од тортурата која му ја прават талибанците и режимот во нивната пропаганда

0
1409

12144833_10153746455332932_6387827158172281243_n-540x359

Општина Струмица денеска по втор пат беше домаќин на меѓународното рели и рели крос со теренски возила и автомобили кое што се одржа во реката Тркања на излезот од Струмица кон Валандово. Денешното 36-то рели го отвори градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој е и генерален покровител.

– Струмица и струмичани по втор пат ги имаат честа и задоволството да бидат домаќини на една извонредно возбудлива спортска манифестација со повеќегодишна традиција, манифестација која го зголемува адреналинот кај сите оние кои го сакаат авто – мото спортот, звукот на забрефтаните „машини“ и сите други возбудувања што тој ги носи. Да се биде град домаќин на вакво натпреварување двапати по ред – едно по друго, веројатно не може да биде плод на случајноста. Од една страна, тоа значи дека Струмица успешно го положила минатогодишниот испит, а од друга страна, повторно укажаната доверба претставува извонредна можност да се потврди и надгради успехот од лани.

Искрено се надевам дека 36 – то меѓународно рели и рели крос со теренски возила и автомобили ќе биде по мерка како на организаторите од Aвто-мото клубот „Џип рели спорт“, така и на натпреварувачите и на посетителите. Доколку биде така, ние од општина Струмица ќе бидеме пресреќни што сме биле генерални покровители и домаќини на уште една успешна спортска манифестација. Ако било така на многу други спортски настани од меѓународен карактер кои се одржале во нашиов град, нема зошто така да не биде и овој пат. Во прилог на таквите желби и очекувања одат и убавото денешно време и фактот дека името на реката во чија близина се одржува ова натпреварување е компатибилно со самиот настан, рече градоначалникот Заев.