(ФОТО) Двајца битолчани мачеле орел за да се сликаат за на Фејсбук

0
2164

Битолчани на возраст од 40 и од 39 години, се осомничени дека сторило но кривично дело „мачење животни“.

Првиот кон крајот на септември или на почетокот на октомври годинава, на непознат начин дошол во посед на птица-златен сури орел. Тој го одвел орелот во дворот на семејната куќа, го врзал со јаже и на таков начин го изложил на непотребни маки и му нанел непотребни болки.

МВР информира дека наредниот ден двајцата битолчани насилно му ги рашириле крилјата и се фотографирале со орелот, па ги објавиле сликите на Фејсбук.