(ФОТО) Граѓани поставија шатори пред Собрание

0
974

Граѓани утрово поставија шатори пред Собранието на Република Македонија, од каде нема да заминуваат најмалку до утрешниот ден кога се очекува потписот на претседателот на Собранието за распишување избори, јави А1 он.

Според најавите, тие го обезбедиле просторот пред најавениот масовен собир најавен за вечерва од 18 часот, на кој ќе се бара оставка од Ѓорге Иванов, повлекување на неговата одлука за масовна аболиција на криминалот, како и одложување на изборите закажани за 5 јуни. Во спротивно ќе се повика на масовен бојкот на изборите организирани на ист начин од власта како и претходните избори за кои постојат сомневања дека биле украдени.

фото: А1он