(ФОТО) ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛА, НАТАША ПЕТРОВСКА ВО ОПШТИНАТА ПОСТАВИ ПОДВИЖЕН ЛИФТ ЗА ЛИЦАТА СО ФИЗИЧКИ ХЕНДИКЕП

0
659

Еднаквите можности и шанси покажани низ реализација. Општината постави подвижен лифт за подобра мобилност во општинската зграда. Воедно, целосно се адаптирани тоалетите по стандарди за лица со потешкотии во движењето. Дополнително, веќе две години во општината својот работен ангажман го има Симона каде успешно се справува со своите работни обврски и покажува дека шансата на сите, дури и на оние кои имаат отежнатост во мобилноста треба да се дава.

Општината изработи 17 премини со спуштања на тротоарите по должина на улицата Партизанска. Оваа година покрај сите средства кои го задржуваат духот на ваквиот тип на поддршка, за прв пат се обезбедени дополнително преку програмата за социјална заштита 1 милион денари за помош на приватни лица кои имаат архитектонски бариери.

Претседателот на здружението Мобилност, посочи дека после 20 години нивни заложби, токму оваа локална самоуправа покажала сенс за нивното барање.

Тоа потврдува дека работите не се ЌЕ туку ВЕЌЕ.

Дека оваа локална самоуправа нуди поинакви, далеку поодговорни политики. Дека бариерите не постојат сами по себе, дека тие зависат од односот на луѓето, и луѓето се тие кои можат да ги елиминараат.

Фејсбук статус на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.